Младата ѕвезда на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис упати порака до светскиот ланец за „брза храна“ Мекдоналдс во која им се заблагодари на еден начин што не ја прифатиле неговата апликација за работа.
„Мекдоналдс, доколку сега ме гледате со моите трофеи, сакам само да ве потсетам дека пред неколку години аплицирав за работа кај вас, но вие никогаш не ми се јавивте“, изјави Дејвис.
Алфонсо Дејвис своето деби за првиот тим на Баерн Минехн го имаше во 2018 година, а минатата сезона беше еден од клучните фудбалери во освојувањето на тројната круна на баварскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

