Тренерот на Вардар, Давид Дејвис ги искажа своите очекувања пред утрешниот меч со Монпелје на гостински терен во Лигата на шампионите. Дејвис кажа дека Вардар го очекува најтешката задача, особено што Монпелје игра одлично во Лигата на шампионите, односно игрите во Франција не се показател за силината на противникот.
„Играме против Монпелје, прв меч во Лигата на шампионите после паузата и мислам дека е најтежок противник, игра одлично во ЛШ, се на првата позиција на табелата. Не изгледаа толку добро до декември во домашното првенство, но во Лигата на шампионите е сосема друга приказна. Ова ќе биде прв натпревар во Лигата на шампионите после паузата, ќе биде многу тешко. Но, ние мораме да ја играме нашата игра, да веруваме во нас, и да одиме таму со оптимизам. Како и секогаш одиме на победа.
Во првенство играме добро, во СЕХА топло ладно, и во ЛШ засега не сме на посакуваната позиција. Секако дека нашата желба е да бидеме меѓу првите шест екипи“, рече Дејвис.
Тренерот на Вардар напомена дека Анте Гаџа сигурно нема да биде во комбинација за утрешниот меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА