Ракометарите на Вардар стигнаа до важна победа на домашен терен против ППД Загреб од 20-19 во натпревар од 12. коло во Лигата на шампионите.
Со овој триумф „црвено-црните“ се чекор поблиску и оваа сезона и покрај сите проблеми повторно да бидат дел од нокаут фазата во елитата.
Тренерот на Вардар, Давид Дејвис по мечот изјави дека се чувствувала нервоза кај неговите играчи и иако не беше убав натпревар важно е што на крајот Вардар стигна до победа.
„Многу тежок натпревар како и секогаш против ППД Загреб. Играчите беа многу нервозни уште од самиот старт. Не беше најдобар натпревар, но среќни сме што стигнавме до победа. Сакаме да продолжиме со работа. Имаме тежок распоред играме секој ден и немаме време многу да се подготвуваме. Сепак, за нас ова е голема победа и мислам дека имаме помирен распоред и помалку натпревари. Треба да ги воиграме новите играчи Додиќ и Крстевски и мораме да направиме промени бидејќи играме исто последниве петнаесет дена. Му честитам на Обрван кој направи одлична работа во Загреб“, изјави Дејвис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА