Ракометниот шампион на Македонија, Вардар загуби на домашен терен со убедливи 22-30 од унгарскиот Веспрем во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите.
Тренерот на „црвено-црните“ Давид Дејвис по мечот …
„Му честитам на Илиќ за одличната работа во Веспрем. Навистина ми е мило што соработувавме заедно. Сакам да им честитам на моите играчи за макотрпната работа во овие два месеци. Игравме добро само во првите петнаесет минути. Сепак, ова е доказ дека многу е тешко за краток период да го достигнеме нивото за овие натпревари. Нас не очекува уште многу работа. На вториот меч ќе пристапиме максимално сериозно и ќе се обидеме колку и да звучи неверојатно да ја анулираме оваа негатива. Благодарност до целата сала и навивачите кои дојдоа да не поддржат и на овој меч“, изјави Дејвис.
Реваншот кој ќе се игра во Унгарија е закажан за следната среда со почеток во 18.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА