Кошаркарите на Денвер ја продолжија серијата на победи во НБА откако ноќеска го совладаа Шарлот со 122-105, на крилата на уште една одлична партија на Никола Јокиќ, кому само една асистенција му недостасуваше за нов трипл-дабл.
Популарниот „Џокер“ забележа 26 поени, 11 скока и девет асистенции.
Ентони Дејвис го имаше своето деби за Далас во победата над Хјустон со 116-105. Дејвис беше најефикасен кај победничкиот тим со 26 поени, 16 скока и седум асистенции. Сепак, поради повреда потоа мораше предвреме да го заврши мечот, а дополнителните прегледи ќе ја покажат тежината на неговата повреда и колку ќе паузира.
Кај Лејкерс, пак, го немаше и натаму Лука Дончиќ кого наскоро го очекуваат на паркетот, а Лејкерси ја совлада Индијана со 124-117. Остин Ривс со неверојатни 46 поени беше најефикасен.
НБА, РЕЗУЛТАТИ
Далас – Хјустон 116-105
Ла Лејкерс – Индијана 124-117
Орландо – Сан Антонио 112-111
Вашингтон – Атланта 111-125
Чикаго – Голден Стејт 111-132
Мемфис – Портланд 114-98
Њујорк Никс – Бостон 104-131
Феникс – Денвер 105-122
Сакраменто – Њу Орлеанс 123-118
ЛА Клиперс – Јута 130-110
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА