Дејвис: Со Вардар никогаш ништо не се знае, но ние го сакаме трофејот

Уште една мега-пресметка во светот на ракометот меѓу Вардар и Веспрем вечерва од 20:30 часот во Задар, во финалето на СЕХА лигата.

Факт е, согласно актуелната распределба на силите, дека Унгарците ја носат фаворитската улога но тренерот на Веспрем, Давид Дејвис, кој многу добро го познава Вардар, знае дека никогаш ништо не се знае со „црвено-црните“.

„Нашата цел останува трофејот од СЕХА лигата. Факт е дека не одигравме како што требаше на дел од натпреварот против Мешков, но носиме мотив сега за подобра игра против Вардар и освојување на титулата. Добро знаеме дека ќе биде тежок дуел, затоа што вардаровите ракометари ги играат исклучително добро и мотивирано ваквите Ф4 завршници. Добро е познато дека со Вардар никогаш ништо не се знае. Ние сме подготвени да се бориме за трофејот“ – вели Дејвис пред денешното финале.

Се вчитува...