Дејвис стигна до финале, па доби нов договор со Веспрем

Веспрем го загуби финалето од Лигата на шампионите против Вардар, но управата на клубот остана презадоволна од сработеното од страна на Давид Дејвис, па денеска дополнително го продолжи договорот со шпанскиот стратег. Дејвис дојде на средина од ланската сезона и успеа да го воскресне тимот, стигнувајќи до титулата во унгарското првенство и до финалето од ЛШ. Тој имаше договор со Веспрем до јуни 2020, но задоволни од неговиот ангажман челниците на унгарскиот гигант потпишаа нов договор, со важност до јуни 2023 година.

„Договорот меѓу Веспрем и тренерот Давид Дејвис за продолжување на соработката од денеска е и официјален. Шпанскиот стратег ќе биде предводник на најтрофејниот унгарски клуб до 2023 година“ – објави Веспрем на својата официјална веб-страница.

Целта е јасна, во следната сезона да се нападне европската круна, но и да се одржи силниот колектив по заминувањата на ветераните Илиќ, Наѓ и Миклер.

Се вчитува...