Англија води со 0-2 на полувреме против Република Ирска во дуелот од 1. коло од Лигата на нации. 11. минута од мечот во Даблин ни донесе редок историски момент во фудбалот.
Деклан Рајс и донесе водство на Англија со четвртиот гол за „Гордиот Албион“. Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, иако има само 25 години, веќе има одиграно преку 50 натпревари за репрезентацијата на Англија.
Пред неговото деби во Англија, Рајс одигра три натпревари за Ирска, од каде што потекнуваат неговите предци од таткова страна. Сепак, во 2019 година, тој реши да ја смени репрезентацијата и да игра за Англија, каде што е роден и израснат.
Ireland 0 – [1] England – Declan Rice 11'
byu/diogovin insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА