Деко категоричен: Барса нема да купува скапи засилувања, новиот тренер треба да го знае тоа

Од моментот кога Чави објави дека на крајот на сезонава ќе ја напушти клупата на Барселона со каталонскиот гигант се поврзуваат бројни тренерски имиња.

Од Јирген Клоп преку Флик, Мота, Де Зерби… листата е навистина долга, но директорот Деко во интервју за „Ел Мундо Депортиво“ обелодени дека станува збор само за новинарски пишувања, а Барса досега не разговарала со ниту еден стратег.

„Чави никогаш не сакаше долго договор, не сакаше да се обврзе. Сепак, неговата објава за заминување беше големо изненадување за сите во клубот. Не сакаме да брзаме и затоа во моментов не преговараме со никого. Дали новиот тренер ќе биде Германец? Како што реков, не разговараме со никого ниту пак имаме закажно преговори за блиска иднина“, изјави Деко.

Тој сепак избриша едно име од листата на потенцијални тренер, Рафа Маркез кој работи во младинската академија на Барса според Деко се уште не е подготвен да биде прв тренер.

„Го следиме Рафа и тој добро напредува, добро работи со млади фудбалери. Сепак, Маркез во моментов не е подготвен да биде предводник на првата екипа“, порача Португалецот.

Воедно, тој јасно стави до знаење дека времињата на трошење огромни суми пари од страна на Барселона се веќе завршени.

„Го бараме истиот профил на тренер како овој што го имаме во моментов. Некој што ќе ја разбере реалноста, ќе се адаптира на потребите на клубот и ќе верува во младите играчи кои ќе треба да израснат. Барса нема веќе да купува прескапи засилувања, тоа е нашата реалност и новито тренер треба да го знае тоа. Ние како управа можеби сакаме да имаме поголем ростер, да потрошиме повеќе пари, но постојат правила за финансиски ферплеј што не смеат да бидат прекршени. Затоа, ќе мора повеќе да веруваме во нашите деца од академијата Ла Масија“, истакна директорот на каталонскиот гигант.

Се вчитува...