Барселона не ангажираше класичен напаѓач и остана само со Роберт Левандовски во составот, а за ова зборуваше спортскиот директор Деко кој истакна дека не е приоритет купување на класичен шпиц.
Бразилецот го зема како пример тимот на ПСЖ кој лани ја освои Лигата на шампионите без класичен напаѓач.
„Не знам дали треба да бидеме окупирани со потпис на класична деветка. Можеби треба да играме без класичен напаѓач. Ова не е време кога треба да зборуваме за засилувања. Видете ги ПСЖ, ја освоија Лигата на шампионите без класичен напаѓач“, вели Деко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

