Деко во Германија го договори првото летно засилување за Барселона

Барселона успеа да ги реши финансиските проблеми кои го блокираа овој клуб во претходните години кога беа во прашање засилувањата, а се очекува идното лето Каталонците да направат бум на пазарот.

Неколку познати имиња веќе се поврзуваат со каталонскиот клуб, но се чини јасно кое ќе биде првото засилување на Барселона следното лето. Шпанските медиуми пишуваат дека спортскиот директор на оваа екипа Деко бил на службен пат во Германија, а дестинација му била Леверкузен.

Деко отиде во Леверкузен да се сретне со дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џонатан Тах и неговите агенти и јасно му стави до знаење на германскиот репрезентативец колку Барселона го посакува во своите редови.

Договорот на Тах со Леверкузен истекува на крајот на сезоната и веќе е познато дека нема да ја продолжи соработката и дека ги известил клупските челници дека сака да го напушти овој клуб на крајот од сезоната.

За него беше заинтесиран и Баерн Минхен, но се чини дека ќе ја напушти Германија и ќе се пресели во Каталонија.

Се вчитува...