Деко во Манчестер, на преговори за ангажман на Гринвуд

Спортскиот директор на Барселона, Деко деновиве е во Манчестер на преговори со раководството на Јунајтед за потписот на талентираниот Мејсон Гринвуд.

Гринвуд пред две години беше исфрлен од тимот поради обвинувања за сексуална злоупотреба, поради што е отпишан од таборот на Јунајтед, па Барселона сега и тоа како е заинтересирана за негов ангажман.

Младиот фудбалер игра во одлична форма сезонава во редовите на Гетафе, поради што и го привлече вниманието на каталонскиот тим. Договорот на Гринвуд со „црвените ѓаволи“ трае до 2025 година. Од Манчестер јунајтед изразија подготвеност да го продадат доколку пристигне пристојна понуда.

Се вчитува...