Дел Боске открива: Направивме се за Меси да игра за Шпанија, но тој ја сакаше својата земја

Генијалниот настап на Лионел Меси против Ливерпул е причина Аргентинецот повторно да доминира во главните вести на медиумите ширум светот. Интересна изјава даде поранешниот тренер на Реал и селектор на Шпанија, Висенте дел Боске, кој обелодени дека Шпанците своевремено му нуделе на Меси да го облече дресот на „црвената фурија“.

„Ако има играч што жалам дека не сум го тренирал, тоа е Меси. А можеше да игра за Шпанија, доби понуда за такво нешто… Од првиот момент кога стапна на терен во дресот на Барселона беше јасно дека е голем талент, а нашата федерација реагираше. Му беа дадени неколку понуди, направивме се за Меси да игра за Шпанија, но тој ја сакаше својата земја и ја избра Аргентина“ – откри Дел Боске.

Иронично, Меси е признаен за „фудбалски Бог“ секаде, освен во Аргентина, каде голем дел од јавноста во него ја гледа вината што „гаучосите“ немаат освоено трофеј повеќе од десет години.

Се вчитува...