Англискиот репрезентативец Маркус Рашфорд имаше неславна епизода, во четвртокот вечер снимен во ноќен клуб во Белфаст за да во петокот наутро го откаже тренингот на тимот поради „болест“.
Рашфорд го информирал тимот дека поради болест нема да присуствува на тренинг, за да англиските таблоиди истиот ден објават негови снимки од Белфаст по што беше јасно дека ги излажал Тен Хаг и соиграчите.
Холанѓанецот го тргна потоа од составот за куп-натпреварот во Велс со Њупорт изминатиов викенд, а потоа во понеделникот лично разговараше со Рашфорд и неговиот агент Двејн Мејнард.
„Маркус ја презеде одговорноста за своето однесување. Тоа беше интерен дисциплински случај кој сега е затворен“ – соопшти официјално Јунајтед.
Иако не е соопштено, се наведува дека Рашфорд добил казна од двенеделна плата во висина од 630.000 фунти. Но, полошо за него е, како што информираат англиските медиуми, што наишол на огромна разочараност од неговите соиграчи кои сега гледаат со поинакви очи кон него.
„На играчите им беше соопштено дека е многу болен и затоа не тренира, а потоа се појави оваа вест дека бил во ноќен клуб. Тие не можеа да веруваат дека се одлучил на такво нешто а добро знае каква е ситуацијата во клубот. Таков однос од играч кој треба да биде предводник никој не очекуваше. Затоа дел од нив не сакаат и да разговараат со него“ – пишува „Дејли мејл“ од извори блиски на соблекувалната на Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА