Кристијано Роналдо револтирано го заврши синоќешниот натпревар против Србија во Белград во квалификациите за СП 2022, напуштајќи го предвреме мечот откако не беше признаен неговиот регуларен погодок за победа во 93. минута.
Роналдо со право беше лут поради непризнаениот очигледен погодок, но јасно е дека не смее на тој начин да ја фрла капитенската лента на својот национален тим и кога ќе му текне да го напушти теренот и да ги остава соиграчите.
„Јасно е дека беше гол. Но, Роналдо не смее да си дозволи така да ја фрла на терен капитенската лента. Неговата реакција по непризнаениот гол е природна, но напуштањето на терен не, без разлика што и да се случи“ – вели поранешниот репрезентативец на Португалција, Фернандо Меира.
„Никогаш не смее да си дозволите да го напуштате теренот и ги оставате соиграчите додека натпреварот уште трае. Не е прифатливо за никого такво нешто. Разбирам дека бил фрустриран, сепак судиските грешки се дел од фудбалот. Роналдо мора да покажува пример за сите, а не да прави нешто што не му доликува“ – дополнува Меира, поранешен фудбалер на Штугарт, Бенфика, Галатасарај и Зенит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА