Дел од македонските репрезентативци секојдневно во Скопје, под водство на селекторот Благоја Милевски, продолжуваат со неофицијалниот дел од подготовките за престојните јунски натпревари во квалификациите за ЕП 2024 против Украина (16. јуни во Скопје) и против Англија (19. јуни во Манчестер).
Во некомплетен состав деновиве се одработуваат по еден тренинг дневно, со постојано приклучување на репрезентативците кои во меѓувреме ги завршуваат своите клупски обврски.
На тренинзите на националниот тим се приклучи денеска и Александар Трајковски.
„Секогаш е убаво да се вратиш во националниот тим“ – порачува Трајковски.
View this post on Instagram
Официјалниот собир од подготовките за дуелите против Украина и против Англија стартува на 10. јуни кога се очекува и комплетирањето на селекцијата.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА