Дел од славните бугарски фудбалери од САД 1994 година ќе им помогнат на жртвите во пожарот во Кочани

Фондацијата Национали94, која е формирана од страна на славните фудбалери на Бугарија кои настапуваа на СП во САД 1994 година Христо Стоичков, Борислав Михаилов и Красимир Балаков, изразија сочувство за огромната трагедија во Кочани.

Тие се договориле да се соберат одредени средства, и да се донираат за жртвите од оваа трагедија.

„Нема датум и време за трагедија. После неа остануваат само солзи и неизлечлива болка. Ние од фондацијата „Национали94“ сакаме да изразиме најискрено сочувство до загинатите. Фудбалот сите нас не спријатели со луѓето од Македонија. И сега е најважниот момент да им дадеме поддршка“, стои во соопштението пренесено од Блиц. 

Се вчитува...