Дел Пјеро доби понуда што не се одбива од Саудиска Арабија

Саудиска Арабија привлече бројни врвни фудбалери, преговара и со елитни тренери, па дури и со судии од најсилните европски лиги. Челниците на овој проект се подготвуваат за нова офанзива, и тоа со носење на фудбалски легенди на водечките функции во клубовите, тренд што се очекува да биде стартуван со потписот на Алесандро дел Пјеро како спортски директор на Ал Наср.

Токму Ал Наср ја почна фудбалската револуција во оваа земја со потписот на Кристијано Роналдо, во меѓувреме беа донесени уште неколку врвни засилувања, а откако беше исполнета квотата за странски фудбалери, сега погледите се насочија кон Дел Пјеро. Легендата на Јувентус веќе неколку години чека од управата на клубот да добие соодветна функција кај „старата дама“. Тоа се уште не се случува, а челниците на Ал Наср се решени да ја искористат ситуацијата и да го убедат Италијанецот да се пресели во Ријад.

Понудата е веќе испратена до легендарниот „Пинтуричио“, кој би заработил над 10 милиони евра во Ал Наср, би бил значајна фигура во одлучувањето за идните трансфери, а би му биле осигурани и спонзорски договори од кои Дел Пјеро би остварил дополнителна милионска заработка.

Ал Наср неодамна го ангажираше поранешниот играч на Рома, Гвидо Фенга, за нов извршен директор во клубот, а амбициозните газди на клубот сакаат со потписот на Дел Пјеро да ја пополнат функцијата спортски директор.

Се вчитува...