Дел Пјеро: Един Џеко е подобар фудбалер од Ромелу Лукаку

Легендарниот италијански фудбалер, Алесандро дел Пјеро е полн со пофални зборови за фудбалерот на Интер, Един Џеко.

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина игра одлично во дресот на „нероаѕурите“ на стартот на сезоната каде дојде како замена за Ромелу Лукаку кој премина во Челси. Дел Пјеро вели дека Џеко е феноменален, дури и подобар од Лукаку.

„Сите мислеа дека заминувањето на Лукаку ќе биде голем хендикеп за Интер, но тука е Един Џеко. Ако гледаме по статистика па тој е подобар од Лукаку бидејќи има дадено повеќе голови, а дури ниту еден не е од пенал“, изјави Дел Пјеро. 

Се вчитува...