Дел Пјеро откри кои според него се најдобри фудбалери во светот

Легендарниот италијански фудбалер Алесандро Дел Пјеро откри кои според него се најдобрите фудбалери на денешницата. Тој издвои четворица фудбалери кои според него се скалило над сите останати.

„Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Нејмар се чудовишта. Тука е и Кевин де Бруин кој исто така игра на највисоко ниво. По мие мислење тие четворица се скалило над сите други“, изјави Дел Пјеро. 

Дел Пјеро во 2015 година стави крај на професионалната фудбалска кариера во која 19 години помина во дресот на Јувентус, а со репрезентацијата на Италија во 2006 година се радуваше на титулата на Светското првенство.

Се вчитува...