Дел Пјеро: Јувентус со било кој тренер нема шанси за Скудето

Легендарниот фудбалер на Јувентус и на италијанската репрезентација Алесандро Дел Пјеро, рече дека Игор Тудор не е виновникот за слабите резултати на Јувентус.

Во неделата тимот од Торино беше поразен од Лацио, па така Јувентус е во серија од седум меча без победи, а тимот ги загуби последните три натпревари со вкупни 4-0.

„Не би рекол дека проблемот е тренерот. Проблемот е многу подлабок, вклучително и тоа колку тешко му беше на тимот да се собере оваа сезона. Тимот остана во игра и не заслужи за загуби. Нерешеното ќе беше најправедно против Лацио. Екипата изгледаше добро против Реал Мадрид, но се мачеа против Комо. Во секој случај, и под друг тренер тешко дека овој тим ќе го освоеше Скудетото“, изјави поранешниот напаѓач на Јувентус.

Тудор веќе доби отказ од клупата на „Старата дама“, и се очекува во скоро време тимот да добие нов предвоник.

Се вчитува...