Дербито на 13. коло во италијанското првенство помеѓу Јувентус и Интер заврши со реми од 1-1 со кое двата воедчки тимови во Серија А ги задржаа своите позиции. „Старата дама“ прва го отврои натпреварот преку голот на Влаховиќ во 27. минута, но домашното славје траеше само шест минути кога изедначи Мартинез.
А, голот на Србинот го воодушеви поранешниот капитен на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро кој долго време ги тресеше мрежите за „црно-белите“.
„Разликата ја направи топката која тој ја проследи до Киеза и преку која започна контранападот. Колку напаѓачи се способни да го изведат тоа?“, изјави Дел Пјеро кој се осврна и кон прославата на Влаховиќ.
„Прославата на голот? Тоа е само уште еден доказ за притисокот со кој живеете додека го носите дресот на Јувентус. Тој долго беше без гол, а сега го одигра еден од најдобрите натпревари за Јувентус“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

