Дел Пјеро жестоко против Мота: Не ми се верува, губи 3-0, а тој…

Алесандро дел Пјеро жестоко го крена гласот против Тијаго Мота откако Јувентус денеска претрпе уште еден убедлив пораз, овојпат од 3-0 на гостувањето против Фиорентина.

„Виолетовите“ доминираа од почеток до крај, а на Дел Пјеро особено му пречеше една работа…

„Не ми се верува на што личеше тимот. Никаква реакција по она што се случи со Аталанта, ниту на теренот, ниту на клупата… Не знам што би кажал за тренерот, кога губи 3-0, а првите три измени му се влегување на одбранбени фудбалери“, критичен беше Дел Пјеро.

Долгогодишниот капитен на Јувентус не крие дека е шокиран од недостигот на карактер на овој тим на „старата дама“.

„Можеш да победиш или да загубиш, тоа е нормално во фудбалот, но секогаш мора да си со крената глава, да знаеш дека си дал се од себе на теренот. Недостига гордост, а тоа е она што секогаш го красело Јуве, веќе не забележувам такво нешто кај оваа екипа“, реален е Алесандро дел Пјеро.

Се вчитува...