Арентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро е победник на мастерс турнирот во Индијан Велс. Тој во фантастично финале го совлада првиот светски рекет Роџер Федерер со 2-1 во сетови (6-4, 6-7, 7-6), откако во третиот сет спаси и меч – топки. Класата на Федерер е безвременска, но и Дел Потро е одличен тенисер, а на терените во Индијан Велс го извлече најдоброто од себе, посебно во финалниот дуел и стигна до прв мастерс-трофеј во кариерата.
Дел Потро подобро го почна мечот и првиот сет го доби со 6-4 во гемови, откако успеа еднаш да го одземе сервисот на противникот. Вториот сет беше супер-драматичен, влезе во тај-брејк, а во него Федерер славеше со 10-8 на поени. Аргентинецот имаше и меч – топка, но не ја искористи.
Пресметката влезе во третиот решавачки сет. Федерер беше непогрешлив на свој сервис, а Дел Потро потклекна во деветтиот гем. Но, веднаш по него и Федерер го загуби сервисот, кога имаше можност да го комплетира мечот. Борбата продолжи и повторно се играше тај-брејк. Дел Потро поведе со 4-0 во поени, а потоа немаше враќање за Федерер. Аргентинецот го доби тај-брејкот со 7-2, го освои сетот, мечот и мастерс – турнирот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА