Дел Потро ќе мора на нова операција – „Никогаш нема да престанам да се обидувам“

Хуан Мартин Дел Потро повторно ќе мора да замине на операција на коленото. Дел Потро го повреди коленото првпат во 2018 година, а по таа повреда севкупно одигра само 12 натпревари. Следуваа три операции од која последна беше во август 2020, а потоа следуваше и смртта на неговиот татко која тотално го уништи.

„Пробавме со конзервативна терапија, но болката беше присутна. Докторите знаат дека сакам повторно играм тенис и сакам да играм на ЛОИ па се сложивме дека оперативниот зафат треба да се направи колку е можно побрзо. Се е многу тешко откако почина татко ми. Но, ја почувствував силата која ми ја испраќа од горе. Еден ден се разбудив и му се јавив на лекарот. Знаев дека мора уште еднаш да се обидеме. Се надевам дека ќе искочам од оваа болна ситуација. Нема никогаш да престанам да се обидувам“, порача Дел Потро. 

Се вчитува...