Дел Потро нема да го брани трофејот на Индијан Велс

Аргентинскиот тенисер, Хуан Мартин Дел Потро објави дека се повлекува од првиот сезонски Мастерс 1000 турнир, Индијан Велс. Освојувачот на трофејот од минатата година соопшти дека поради повреда нема да ја брани титулата освоена лани во драматичното финале против Роџер Федерер.

Поради повредата на коленото, Дел Потро го пропушти и турнирот во Акапулко.

„По настапот во Делреј Бич имав консултации со различни специјалисти и решивме дека е најдобро да направам терапија за коленото. За жал ќе треба некое време пред да заиграм. Многу ми е жал што нема да можам даја бранам титулата во Индијан Велс“ – напиша Дел Потро на Твитер.

Турнирот во Индијан Велс кој ќе го има 44-то издание почнува следниот понеделник.

 

Се вчитува...