Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро е првиот финалист на УС Опен, откако Шпанецот Рафаел Надал го предаде полуфиналниот дуел поради повреда на коленото. Тој по два загубени сета, почувстува огромна болка во десното колено и мораше да го предаде мечот.
Дел Потро го доби првиот сет во тај-брејк. Тој славеше со 7-3 на поени во неизвесната завршница на 13.гем. Во вториот сет, Аргентинецот продолжи со добрата игра, а Надал имаше проблеми и со коленото. Дел Потро го доби со 6-2 во гемови, а потоа Шпанецот беше принуден да го предаде мечот.
Во второто полуфинале во Њујорк, силите ќе ги одмерат Новак Ѓоковиќ и Кеи Нишикори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА