Хуан Мартин дел Потро ќе го предизвика „кралот на земјата“, Рафаел Надал, во полуфинална пресметка на Ролан Гарос. Аргентинецот по цели девет години повторно успеа да обезбеди пласман меѓу четирите најдобри тенисери на гранслем турнирот во Париз, совладувајќи го хрватскиот тенисер Марин Чилиќ со 3-1 во сетови.
Дел Потро го доби првиот сет во тај-брејк, но потоа возврати Чилиќ и со 7-5 во гемови беше подобар во вториот сет. Финишот му припадна на Дел Потро, кој ги доби наредните два сета со 6-3 и со 7-5 и обезбеди пласман во полуфиналето.
Во вториот полуфинален дуел силите ќе ги одмерат Доминик Тим и Марко Чекинато.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА