Хуан Мартин дел Потро го очекува нова пауза од терените откако аргентинскиот тенисер заработи незгодна повреда на коленото за време на турнирот во Шангај. Се играше финишот од првиот сет меѓу Дел Потро и Чориќ кога Хрватот скрати еден волеј, а аргентинскиот тенисер во обид да стигне незгодно падна на коленото.
Тој се обиде да продолжи, но неколку минути подоцна го предаде мечот, а деталните прегледи ги потврдија стравувањата дека повредата не е нималку наивна.
„Големо е разочарувањето, повторно ќе морам да наоѓам сила низ една долга рехабилитациска програма. Во следните денови ќе се знае колку ќе изнесува паузата, но едно е јасно, сигурно нема да се вратам до крајот на оваа година“ – истакна Хуан Мартин дел Потро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА