Играчот од средниот ред на Тотенхем, Деле Али неодамна ја прекина долгогодишната љубовна врска. Неговата девојка го оставила затоа што поминувал премногу време играјќи го „Фортнајт“, па сега тој се обидува да најде нова девојка. Деле Али беше на милост и немилост и кај Жозе Мурињо, но тоа не е единствената лоша работа што му се случи на англискиот фудбалски репрезентативец. Сега го остави моделот Руби Меј, со која фудбалерот беше во врска повеќе од пет години.
Најбизарно од се е што таа го оставила затоа што тој бил зависен од видео-игри. Али бил толку внесен во оваа „мисија“ што завршил без никој близок. Сепак, тој сега очајно започнал да бара новата љубов во својот живот. Деле Али инсталирал апликација за запознавање на сродна душа и на тој начин сака да се обедини со некоја девојка.
Поточно, тој отворил профил на платформата „Реи“ која нуди можност за запознавање на луѓе. Оваа среќа веќе ја испробале некои познати личности како моделот Кери Делвињ и холивудската ѕвезда Бен Афлек, а во ова друштво влегува и пејачката Адел.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА