Тотенхем заврши голема работа со ремито од 2-2 на првиот меч во Торино, но Деле Али е свесен дека „спарси“ ги очекува голем предизвик на вечерашниот реванш против актуелниот европски вицешампион. Младиот ас на Тотенхем предупредува дека „старата дама“ е ривал што никако не смее да биде потценет.
„Резултатот од првиот меч е добар за нас, но знаеме дека ништо не е готово. Јувентус ќе биде опасен и на „Вембли“, во првите дваесетина минути на првиот меч тие ни покажаа за што се способни и дефинитивно ќе мораме да бидеме многу внимателни. Ова е Лига на шампиони, противникот е опасен дури и кога ние ја имаме топката во посед, затоа не смееме да се опуштиме ниту пак да се залетаме премногу кон голот на ривалот. Имаме добар тактички план, треба само да го спроведеме за на крајот да се радуваме на пласман во четвртфиналето од ЛШ“ – изјави Деле Али.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА