Повремениот англиски репрезентативец и член на Евертон, Деле Али ќе ја продолжи кариерата во Турција, пренесуваат англиските медиуми. Наводно турскиот гигант Бешикташ го посакува во своите редови, и веќе е во завршни преговори за потписот на играчот од средниот ред.
Али во минатото беше дел од Тотенхем, каде што беше стандарден фудбалер и член на репрезентацијата на Англија. За него се „тепаа“ Барселона и Реал Мадрид, но потоа следуваше слаби настапи и трансфер во Евертон. Никако не може да ја пронајде старата форма, и затоа сега заминува во Турција.
Бешикташ оваа сезона има намера да ја врати титулата во Турција. Иако загуби неколку важни играчи, сепак, прави тим за првото место на табелата.
Според информациите, во Бешикташ ќе има плата од 2,2 милиони евра годишно, а ќе дојде во Истанбул како позајмен играч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

