Осумчлена делегација на Северна Кореја, на чело со генерал кој во Јужна Кореја го сметаат за воен злосторник, пристигна во Пјонгчанг да присуствува на манифестацијата за затворање на Зимските Олимписки Игри. Ким Јонг Чол, озлогласениот генерал, заедно со уште седум лица, ја минал зоната на демилитаризација меѓу двете Кореи, откриваат јужнокорејските власти.
Доаѓањето на овој генерал веднаш предизвика реакции во Јужна Кореја. Опозицијата јавно негодуваше поради неговото присуство. Ким Јонг Чол е осомничен од Јужна Кореја дека бил на чело на шпиунски операции и наводно наредил напад на јужнокорејски воен брод во 2010 година, кога настрадале 46 лица.
На церемонијата на свеченото затворање на Зимските Олимписки Игри во Пјонгчанг е најавено и доаѓањето на Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател, а тоа може на организаторите да им создаде проблеми, затоа што треба да биде избегната нејзина средба со делегацијата на Северна Кореја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА