Делегација на Црвена Звезда во посета на ФФМ (ВИДЕО)

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ во “Куќа на фудбалот” оствари средба со највисокото раководство на ФК Црвена Звезда, предводено од Звездан Терзиќ и Светозар Мијаиловиќ.

Првиот човек на македонскиот фудбал изрази благодарност за поддршката и благородниот гест што клубот го даде за настраданите во неодамнешната несреќа во Кочани, истакнувајќи ја важноста на хуманитарниот натпревар што се одигра во Скопје помеѓу Вардар и Црвена Звезда.

„Црвена Звезда не е само спортски гигант, туку и модел на организација и професионализам кој треба да се следи. Доколку сакаме македонскиот фудбал да се доближи до европските стандарди, мора да учиме од најдобрите во регионот и да градиме партнерства. Пријателските односи се од клучно значење за иднината на нашиот фудбал.“, рече Омерагиќ.

Се вчитува...