„Делии“ ги провоцираа навивачите на Сити со „Лажен Манчестер…“, па добија одговор (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Манчестер Сити и Црвена Звезда во Лигата на шампионите донесе и интересни моменти на трибините меѓу двете навивачки групи.

„Делиите“ за време на синоќешниот дуел се одлучија и на провокации кон домашните навивачи…

„Лажен Манчестер“ – пееја гостинските фанови, притоа покажувајќи и банкноти алудирајќи на парите кои се вложени во клубот за да „на вештачки начин“ се дојде до успесите, наспроти градскиот ривал на Сити кој е клуб со далеку поголема традиција.

Но, на сето тоа должни не останаа и навивачите на Сити кои вратија со скандирање „Ќе го купиме вашиот клуб и ќе го запалиме“…

Се вчитува...