Навивачите на Црвена звезда своето шоу од кошаркарските евролигашки натпревари го преселија на „Маракана“, желни во огромен број да ги бодрат своите миленици на дуелот од Лигата на Европа против ЦСКА Москва.
„Црвено-белите“ имаа извонредна поддршка од трибините, „Делије“ направија фешта, покажаа и неколку фантастични кореографии, помагајќи нивниот тим со храбра игра рамо до рамо да се носи со рускиот гигант.
Верните навивачи на трибините создадоа атмосфера за чиста „десетка“, штета што тоа не беше крунисано и со победа на тереенот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА