Црвениот картон на Уго Екитике на куп мечот Ливерпул – Саутемптон се уште е важна тема на „островот“, откако Арне Слот мораше да ги дематира гласините дека англискиот првак го казнил својот голгетер со две неделни плати.
Оваа информација вчера ја пренесоа бројни англиски медиуми, но Слот на денешната прес-конференција јасно стави до знаење дека Ливерпул нема дополнително да го санкционира Екитике, кој поради суспензија нема да настапи викендов против Кристал Палас.
„Во овој клуб ви е дозволено некогаш да направите грешка без веднаш да бидете казнети. Да бидете санкционирани значи парична казна, нешто што Екитике го нема добиено. Зборував со него, веднаш се извини на соиграчите и свесен е дека она што го направи не е паметно. Ако го прашате персоналот во клубот ќе ви кажат дека Екитике е меѓу тројцата најфини и културнни играчи, свесен е дека згрешил и тука завршува приказната“, истакна Слот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

