Јаник Синер ќе ја брани титулата на Отвореното првенство на САД со тренерот Дарен Кејхил, а не без него, како што стојат работите. Иако италијанските медиуми првично објавија дека Кејхил ќе отсуствува од тимот на Синер за време на последниот Грендслем во сезоната, тоа сепак не е вистина.
Бред Гилберт, американски тениски тренер и аналитичар кој го познава Кејхил и случувањата во тенискиот свет, nа социјалните мрежи ги негираше извештаите дека Кејхил нема да биде во тимот на Синер на Отвореното првенство на САД.
„Само да знаете, ова се тотални лажни вести“, рече Гилберт.
Да ве потсетиме дека Синер долго време работи со двајца тениски тренери, а покрај Кејхил, тука е и Симоне Вањоци.
Кејхил претходно го објави своето тренерско пензионирање и заминување од тимот на Синер на крајот од годината, а самиот играч јавно зборуваше за тоа, но неодамна се појавија гласини дека Австралиецот би можел да остане во тимот во малку помал капацитет.
❌🇺🇸🇮🇹 Darren Cahill will NOT be at the US Open helping to coach Jannik Sinner, and will, instead, take a short break
🗣️ https://t.co/ewP6mOAUPW
📸 Andrew Eichenholz/ATP Tour pic.twitter.com/l6XLSD29He— Olly Tennis 🎾🇬🇧 (@Olly_Tennis_) July 25, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

