Демба Ба го напушти клубот по само 48 одиграни минути

Познатиот сенегалски фудбалер Демба Ба ја напушти екипата на Лугано по само 48 одиграни минути.

36-годишниот Демба Ба ова лето стигна во швајцарскиот клуб како големо засилување, но одлучи да замине по само три настапи и 48 одиграни минути.

Сенегалецот сега е повторно слободен играч, но неизвесно е дали воопшто ќе ја продолжи кариерата.

Зад себе Демба Ба има извонредна кариера во Хофенхајм, Вест Хем, Њукасл, Челси и Бешикташ. Четири сезони играше и во кинескиот Шангај Шенџуи за екстремно висок финансиски договор.

Се вчитува...