Франција апсолутно неубедливо стигна до полуфиналето на Европското првенство во Германија.
Без ниту еден постигнат гол од игра од француски фудбалер, со два автогола, еден гол од пенал и пенал-рулет Франција дојде до полуфинале поради што е на удар од домашните медиуми.
Но, критиките не го оптоваруваат многу крилниот напаѓач Усман Дембеле кој дрско се обрати на констатациите од медиумите дека играта загрижува.
„Ако не ви се допаѓа како играме тоа е ваш проблем. Тогаш не гледајте не“ – рече Дембеле и дополни:
„Но, ако реално погледнете ќе видите дека не е се така негативно. Создаваме шанси но недостасува реализација. Па, зарем не сме во полуфинале?“
Франција во полуфиналето ќе се соочи со Шпанија која досега има пет победи и гол разлика од 11-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА