Олимпик Лион одигра само реми 1-1 на гостувањето кај Ремс во 4. коло од новата сезона во француската Лига 1. Иако 30 минути беа со играч повеќе поради исклучувањето на Лопи во 63. минута фудбалерите на Лион на крајот не успеаја да стигнат до полн плен.
Домаќините дојдоа до изненадувачко водство од 1-0 со голот на Ито во 24. минута. Ремс успеваше да му одолее на големиот фаворит се до 86. минута кога Дембеле донесе израмнување и ги постави конечните 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА