Дембеле ја однесе Барселона во полуфиналето на „Копа дел Реј“ (ВИДЕО)

Барселона е првиот полуфиналист во шпанскиот „Куп на кралот“ откако во четвртфиналето на домашен терен со минимални 1-0 славеше против Реал Сосиедад. Првото полувреме заврши без голови, а за издвојување е ситуацијата од 40. минута која можеби го одлучи и победникот, добиениот директен црвен картон на фудбалерот на гостите Мендез по стартот над Серхио Бускетс.

Голот за победа за Каталонците и пласман меѓу четирите најдобри во најмасовното шпанско фудбалско натпреварување го постигна Усман Дембеле во 52. минута.

 

Barcelona [1] – 0 Real Sociedad – Ousmane Dembele – 52''
byu/majda123 insoccer

Се вчитува...