Дембеле ја заврши кариерата

Познатиот белгиски фудбалер Муса Дембеле стави крај на кариерата на 35 години. Некогашниот играч за врска на Тотенхем, во последните три години мина во Кина и настапуваше за Гвангжу, а претходно дури осум години беше дел од лондонскиот тим.

Почетокот на минатата деценија играше и за Фулам, а претходно беше дел од Аз Алкмар и Вилем 2. Беше дел од ОИ во 2008 година за Белгија, а играше и на Мундијалите 2014 и 2018 година.

За Белгија има 82 настапи, а ја заврши репрезентативната кариера на почетокот на 2019 година.

Се вчитува...