Дембеле ја зеде 11-ката на Нејмар во Барса

Осман Дембеле од денеска и официјално е нов фудбалер на Барселона, откако каталонскиот гигант го официјализираше неговиот трансфер од редовите на Борусија Дортмунд. Двата клуба долго преговараа, за во текот на вчерашниот ден да биде постигнат целосен договор околу висината на отштетата.

Шпанските медиуми денеска објавија дека Барселона при самиот трансфер ќе плати 105 милиони евра, со уште дополнителни 42 милиони што германскиот клуб може да ги добие преку неколку клаузули. Во договорот што Дембеле го потпишува со Барса со важност до јули 2022 година има клаузула за раскин во висина од огромни 400 милиони евра.

Крилниот офанзивец од Франција го избрал бројот 11, што досега го носеше Нејмар, фудбалерот кого Дембеле ќе го наследи во првиот тим на каталонскиот гигант. Тој е четвртиот фудбалер што Барса го ангажираше во овој преоден рок, по Деулофеу, Семедо и Паулињо.

Се вчитува...