Раководството на Борусија Дортмунд нема намера да го врати Усман Дембеле во првиот тим по низата инциденти што младиот Французин ги направи во обид да издејствува трансфер во Барселона. Тој најпрвин влезе во конфликт со голманот Бурки, а наредниот ден воопшто не се појави на тренингот на првиот тим, навлекувајќи го бесот на тренерот Бош и клупската управа.
„Милионерите“ го казнија францускиот крилен офанзивец со две неделни плати, а тој ќе продолжи да тренира изолирано, бидејќи германскиот клуб смета дека негативно влијае врз атмосферата во екипата.
Добро упатени извори тврдат дека Дембеле сигурно ќе се пресели во Барселона, а Борусија само се обидува да извлече што подобра отштета за овој фудбалер. Бундеслигашот веќе одби 100 милиони евра од Барса, барајќи неверојатни 150 милиони евра, а според германските медиуми клубовите во најскоро време ќе постигнат договор за отштета од 120 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА