Усман Дембеле изјави дека Лионел Меси бил првиот што му честитал за освојувањето на Златната топка.
На 22 септември, крилниот напаѓач на ПСЖ и француската репрезентација ја доби наградата за најдобар фудбалер на сезоната според „Франс фудбал“.
Во интервју за „Л’Екип“, Дембеле откри дека првата личност што му честитала за освојувањето на „Златната топка“ бил Лионел Меси. Тие играа заедно за Барселона од 2017 до 2021 година.
„Кој беше првиот што ми честиташе за Златната топка? Лионел Меси. Ми испрати приватна порака“, рече Усман Дембеле .
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

