Францускиот интернационалец Осман Дембеле не сака да биде дел од пакетот што Барселона го нуди за ангажман на Нејмар. Тој го информирал раководството на клубот дека сака да остане на „Камп Ноу“ и не планира да ја менува средината.
Барселона се обидува да го врати Нејмар, меѓутоа Пари Сен Жермен не преферира тој повторно да замине на „Камп Ноу“ туку кокетира и со Реал Мадрид. Раководството на „светците“ сака најмалку 100 милиони евра во кеш, но Томас Тухел го потенцираше и Осман Дембеле како играч кој би можел да влезе во пакетот за големиот трансфер на Нејмар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА