Осман Дембеле пристигна на „Камп ноу“ како големо засилување, на него беа потрошени повеќе од половина од парите добиени од продажбата на Нејмар, но едногласен е ставот дека крилниот офанзивец не ги оправда очекувањата ниту на управата, ниту на навивачите на Барселона. Дел од каталонската јавност бара од управата час поскоро да го продаде Французинот и да си врати значаен дел од вложената инвестиција, се говори за мегапонуда од Арсенал, но Дембеле е дециден на својот став, да остане во Барса и да покаже дека заслужува да биде дел од каталонскиот гигант.
„Потпишав договор на пет години и планирам уште долго да останам во Барселона, понудата од Арсенал за која се пишува не ме интересира. Знам, формата не ми е на посакуваното ниво, но и тоа се подобрува од натпревар во натпревар. Повредите ми создадоа проблеми, ме исфрлија од ритам, но не се откажувам, знам дека сум доволно добар да играм за Барса и ќе го докажам тоа“ – изјави Дембеле.
На потег е раководството на каталонскиот гигант, кое доколку навистина го ангажира Антоан Гризман јасно ќе стави до знаење дека за Дембеле ќе нема место во стартниот тим. А со самото тоа би можел да се промени и ставот на екс-фудбалерот на Борусија Дортмунд, кој би размислил за заминување во клуб кој би му гарантирал првотимски статус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА