Дембеле „распали“ по соиграчите: Мислат само на себе, не на ПСЖ

ПСЖ претрпе нов пораз во француското првенство, овој пат од Рен со 3-1 со што парижани лесно можат да ја загубат лидерската позиција.

Поразот наиде на големо разочарување кај единствениот стрелец на ПСЖ на натпреварот, Усман Дембеле кој јавно ги критикуваше своите соиграчи.

„Многу лошо влеговме во натпреварот. Рен одигра многу добро, но мислам дека ние мораме да покажеме многу подобра игра. Пред се, мора да играме за ПСЖ за да победуваме. Ако на теренот играме како поединци, тоа нема да функционира и нема да освојуваме титули. Минатата сезона го ставивме клубот над личните интереси.

Мораме повторно да го најдеме тоа, особено во овие натпревари. Знаеме дека сме во вториот дел од сезоната. ПСЖ мора да биде на прв место, а не поедини играчи“, изјави Дембеле.

Се вчитува...