Репрезентативецот на Франција, Усман Дембеле на маса има единствена опција, а тоа е да го продолжи договорот со Барселона за намалена плата од 40%.
Според весникот „АС“, Французинот добил од Барселона понуда за договор до 2024 година, идентична како онаа на Ансу Фати.
Барселона се сомнева дека Дембеле пред неколку месеци договорил трансфер со ПСЖ и бил подготвен да се пресели во францускиот клуб како слободен фудбалер. Поради големите промени во раководството на ПСЖ, ситуацијата со Дембеле е непроменета и тој засега нема ниту една отворена понуда, освен оваа на Барселона.
25-годишниот фудбалер минатата сезона забележа 32 настапи за Барселона, постигнувајќи 2 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

